Петар Печков
Објавено: недела, 25 август 2013
Во саботата при изведувањето а градежните работи во паркот кај Ликовниот салон, биле пронајдени коски од непознато потекло. Работниците кои ги изведувале работите, откако ги ископале купиле четири црни вреќи за смет и во нив ги ставиле коските и повторно ги закопале. Иако според законската регулатива тие се должни случајот да го пријават во полиција,за да се испита од какво потекло се коските, човечко или животинско, тие тоа не го сториле. Напротив го прикриле.
Од страв над не се закочи текот на изградбата на паркот и да не се заврши во рокот за изградба. Од СВР Велес потврдија дека ниту во саботата ниту во неделата кај нив никој не пријавил дека нашол било какви коски. Постарите велешани кои го паметат овој простор велат дека тука никогаш немало гробишта, ниту овој простор служел за слична намена. Ќе остане ли тајната чии се коските, пронајдени во Малиот парк или пак надлежните сепак ќе се одлучат да се расчисти оваа мистерија?
Tweet |